Изминатиот петок во кабинетот по музичка уметност во нашето училиште се одржаа регионалните хорски, оркестарски, вокални и инструментални регионални смотри.
На натпреварот како хористи учествуваа 33 наши ученици. Хорот настапи со песните Ave Maria – J. Arcadelt и Yesterday во аранжман на Д. Шуплевски. За двете изведби жирито додели висока оценка од 99/100 бодови. По успешното претставување во регионалната фаза, на 11 мај хорот продолжува во Скопје на државните смотри. Наредниот ден, на 12 мај, училиштето на државно ниво ќе се претстави и со оркестар.
![](http://jsandanski-strumica.edu.mk/wp-content/uploads/2019/05/59670843_1317426155077596_3132520876780552192_n-1024x768.jpg)