Во периодот од 03/04/2022 до 09/04/2022 пет ученика и две професорки од нашето училиште учествуваа на Erasmus+ проектот Hiclass , кој се одржа во преубавиот Темишвар во Романија. Учениците работеа во тимови заедно со нивни врсници од Италија, Португалија и Романија, при што на иновативен начин применуваа нови методи на онлајн учење. Изработија когнитивни ментални мапи на тема: геополитика, наука и општество. Во сите Активности во кои беа вклучени нашите ученици, постигнаа значајни резултати и не’ претставија во најдобро светло. Учениците беа сместени една недела во фамилии кај свои соученици и се запознаа со културата, како и образовниот систем на државата. Освен едукативниот дел, учениците беа дел и од повеќе забавни активности организирани од училиштето-домаќин. Сите се вратија со позитивни импресии и спомени, а учениците се здобија со непроценливо животно искуство.
Координатор на проектот: М-р Софија Тошева