На 22.02.2023 година, во Собранието на Република Северна Македонија во Скопје, се одржа целодневен семинар/ работилница, на тема : “Демократијата и Собранието”. На истиот беа присутни учениците од нашето училиште Велкова Саветка, Преметарова Верица и Сејменов Филип од III-9 клас под менторство на професорката Дончева Борка.На работилницата нашите ученици зедоа активно учество во сите активности: вежби, презентации , водење дијалог и дебата.