Економистите организираа хуманитарен новогодишен базар за лекувањето на Нина

Ученици од економската струка од IV година вчера организираа новогодишен базар во холот на училиштето. Со поставување на три штандови тие изложија храна и новогодишни украси чија продажба беше со хуманитарна цел.

Парите кои се собрани од штандовите учениците ќе ги донираат за лекувањето на 7-годишната Нина Димитриевска од Струмица, родена со дијагноза paraparesis spastica, која треба да се лекува во САД, а операцијата чини 65.000 евра.

Трите штандови беа организирани под менторство на професорите Весна Спасова, Јованка Михаиловиќ и Гордана Василева Вукашиновиќ.  За помош на Нина Димитриевска донација може да направите на една од следните сметки или телефонски броеви (100 денари од повик):

Денарска сметка: 530500021369542 Охридска Банка
Денарска сметка: 300037103306688 Комерцијална Банка
Девизна сметка: 210501724202015 НЛБ Тутунска Банка

IBAN CODE MK07210501724202015
SWIFT TUTNMK22

Телеком: 143-103
ВИП/ОНЕ: 143-469