На 24 и 25 Февруари нашето училиште беше домаќин на првиот интернационален состанок по повод отпочнување со нов проект од програмата Еразмус+ под име Digital Bridges Over The Gender Gap. Во проектот се вклучени 5 партнери, – Академија Тарновска (Полска)- VogalOrizontal (Португалија)- Паиде Хилар Ханс Похикул (Естонија)- СОУ Јане Сандански Струмица (С. Македонија) – Конак Шехит Омер Халисдемир Билим ве Санат Маркези (Турција)
Проектот е многу продуктивен со разновиден вид активности кои ќе бидат новитети како за учениците, така и за наставниците а е планирано и директно учество на родители во проектот. Има за цел да ја подигне свеста за родовата еднаквост и да покаже дека успехот зависи од напорот, а не од полот, да се подобри изборот на кариерата на ученичките, да се зголеми бројот на ученички кои ќе го продолжат своето образование во СТЕМ областите, да се подигне свеста на наставниците/родителите за еднакви пристапи/ставови, обезбедувањето иновативни,креативни едукативни материјали за наставниците.
Примена на е-Твининг, ученички работилници , дигитален музеј, локални конференции, студентска работилница, вебинари за наставници/родители се само дел од активностите на проектот.
Резултатите од проектот се исто така разнолики : Е-модули со видеа поставени на LMS платформа, VR-сценарија, е-магазин, дигитални приказни, дигитален музеј и други.






