Награден конкурс – пријави се! Изработи лого и стани дел од нашиот Еразмус тим

Конкурс за дизајн и креирање лого за проектот од програмата Еразмус + „Хибридна, иновативна и дигитално подготвена училница“

Член 1. ЦЕЛ НА КОНКУРСОТ

Целта на конкурсот е креирање лого кое ќе го идентификува проектот од програмата Еразмус + „Хибридна, иновативна и дигитално подготвена училница“ Бр. 2020-1-IT02-KA226-SCH-095699, одобрена и финансирана од страна на италијанската “Agenzia Nazionale Erasmus+ Indire”.

Целта на проектот е поддршка на наставниците во

развивањето на нивните дигитални компетенции кои ги применуваат во наставниот процес, како и развивање на потребните компетенции кај учениците за ефикасно користење на дигиталните алатки и интернетот на нивните часови и истражувања.

Партнери во проектот се:

I.I.S. ‘Alessandro Volta’ – Лидер партнер, Пескара, Италија

Theoretical High School ‘Grigore Moisil’ – Темишвар, Романија  

Agrupamento de Escolas de Pinheiro – Пенафиел, Португалија

СОУ „Јане Сандански“- Струмица, Република Северна Македонија

MEUS – Валенсија, Шпанија

Danmar – Режов, Полска

Комисијата за избор, од сите логоа кои ќе пристигнат, има задача да го избере логото кое според нив е најсоодветно да ги претстави темата и насловот на проектот и да го прогласи за победничко лого на конкурсот. Логото понатаму ќе биде официјално превземено од страна на ’I.I.S. Volta, Координатор партнер, и ќе биде поставено на сите хартиени и електронски документи, како и на сите активности од проектот.

Логото станува сопственост на сите партнери и не може да се употребува за други натпревари, огласи и слични активности.

Член 2. КОЈ МОЖЕ ДА СЕ ПРИЈАВИ?

Овој конкурс е наменет за учениците на партнер училиштата. Секое училиште ќе го објави конкурсот за своите ученици. Секој ученик може да работи само индивидуално. Учесниците треба да го испратат логото во рокот и според стандардите опишани во член 4 од овој правилник. Тие исто така треба да се придржуваат кон барањата од член 3 на истиот правилник. 

Член 3. ГРАФИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ЛОГОТО

Темата на логото мора да ги земе предвид сладните елементи:

  • Промоција на дигиталната дидактика
  • Учење преку хибридна дидактика
  • Вклученоста на ученици од европските партнер држави

Логото мора:

– да биде изработено во боја;

– да биде изработено со компјутерски графички софтвер, или алтернативно, целосно на рака (мешани решенија, компјутерски и рачно, не се дозволени).

– да биде скенирано и фотографирано во случај ако се изработува рачно.

– да биде направено во дигитален формат PNG (по можност) или JPEG или GIF

– да има минимална резолуција од 300 dpi

– да биде вметнато во квадрат со димензии 15 cm x 15 cm

– да не е претходно објавувано и да не содржи елементи кои се во спротивност со нормите за морал, етика и приватност

– да ги почитува авторските права и правата на сопственост.

Член 4 Краен рок и поднесување на документите

Логото во дигитален формат, како што е опишано во член 3, треба да се испрати до проектниот тим на е-меил адресата hiclass.erasmus@gmail.com не подоцна од 08.10.2021 година.

Фајловите треба да бидат означени со називот HiClass_име на училиштет_презиме_име.

Во насловот на е-меилот треба (subject) треба да стои Erasmus HiClass – logo contest.

Во е-меилот учесниците треба да наведат:  

  • Презиме и име на авторот
  • Име на училиштето од кое доаѓаат
  • Година во која се запишани.

Член 5 КОМИСИЈА ЗА ИЗБОР

Логвоата ќе бидат разгледувани од страна на посебна меѓународна комисија, составена од Претседател и членови од секој партнер. Директорот на училиштето координатор е претседател на Комисијата за избор. Одлуката на комисијата според дадените критериуми, е конечна и неотповиклива. Комисијата го задржува правото да го поништи конкурсот доколку ниеден од пријавените кандидати не ги исполнува условите.

Член 6 ИЗБОР НА ПОБЕДНИЧКОТО ЛОГО И ЦЕРЕМОНИЈА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НАГРАДИ

Од сите пристигнати логоа, во дадената временска рамка и според процедурите во правилникот, ќе се избере победничко лого.

Ако победничкото лого е рачно изработено, Комисијата може да го одлучи да го конвертира со графички софтвер. 

На авторот на победничкото лого ќе му биде доделена награда, а на сите учесници сертификат.

  Критериум ПОЕНИ
1Соодветност со темата20
2Оригиналност20
3Естетска вредност20
4Непосредна комуникација и леснотија на моморирање20
5Изводливост и репродуктивност20
Максимум резултат100