Во периодот од 23-ти до 25-ти јуни 2020 година се одржа осмиот по ред куп кој го организира Математичката гимназија во Белград. Учениците се натпреваруваа во три предмети и тоа математика, физика и информатика. Тие имаа можност да се натпреваруваат во сите три предмети, во комбинација, или пак само во еден предмет.
И оваа година зедовме учество со еден тим од 4 ученици од прва година. Тоа се учениците Трајче Манчевски, Илија Боневски, Филип Илиев и Македонка Гошевска, кои работеа под менторство на професорот Белчовски Ванчо.
Нашите ученици се натпреваруваа по предметите математика и физика. Ученикот Илија Боневски освои бронзен медал во областа на математиката.
Оваа година натпреварот се одржа онлајн за разлика од минатата година, кога тимот од „Јане Сандански“ се натпреваруваше во Белград, Србија.
Минатогодишниот тим беше составен од учениците Димитар Трајков, Панче Ангелов, Бранко Миленков и Сашко Костовски. Тие се натпреваруваа и по трите предмети и беа директно во Белград, каде Димитар Трајков и Панче Ангелов освоија бронзени медали во областа на физиката, повторно под менторство на професорот Белчовски Ванчо.
Натпреварите се едни од традиционалните активности на нашето училиште. Се надеваме дека нашите ученици ќе продолжат со успешно учествување на овој куп.