Нов Еразмус+ проект : ESTEM 3D

Средното општинско училиште Јане Сандански, Струмица, започнува нов проект во рамките на Еразмус + програмата под наслов :

Empowering Students Through Educational Enhancement with 3D Printing Technology ESTEM 3D.  

Проектот е од групата за училишно образование, подобрување на образованието преку запознавање со технологијата за 3D печатење.

Целите на проектот се:

-да се обучат едукатори- наставници за 3Д технологијата и нејзината примена  -знаењата што ќе ги стекнат наставниците да ги пренесат на учениците 

– да се промовира STEM  едукацијата и пристапот STEAM преку употреба на 3Д технологијата на печатење

-да се обезбеди кариерно советување за тоа како 3Д технологијата може да им користи на учениците во нивните идни професии .

 Резултатите од проектот во вид на курсеви ќе бидат ставени на on-line платформа , преку која пристап ќе имаат сите заинтересирани наставници и ученици и од други училишта од градот и регионот , како средни така и основни .

Планирани се и on-line работилници во кои директно учество ќе земаат ученици и наставници.

Проектот ќе обезбеди можности за професионален развој за наставниците , обучувачи кои ќе се вклучат  во проектот. Исто така ќе го  поттикне развојот на иновативни наставни методи и практики, кои ќе го подобрат квалитетот на образованието и ќе им  обезбеди на учениците уникатно искуство за учење на 3Д технологијата на печатење.

Координатор на проектот е организацијата  G&T.G NOVATEX SOLUTIONS LTD од Кипар, партнери се нашето училиште и асоцијацијата во областа на формалното и неформалното образование  EDRASE од Грција.

instagram.com/estem_3d/

facebook.com/estem3d

estem-3d.eu