СОУ Јане Сандански започна уште еден проект во рамките на Еразмус програмата КА2 – Стратешки партнерства во рамките на училишното образование, под името СТЕМБот.
Координатор на проектот е научна асоцијација FERMAT SCIENCE од Франција, а партнери покрај нашето училиште ,се средни училишта од Естонија, Португалија, и научни институти од Белгија и Словенија.
Целта на проектот е да се оживее математиката и науката, да им се покаже на учениците како СТЕМ знаењето е применливо надвор од училницата, и да им се покаже практичното искуство користејќи иновативен пристап.
Учениците ќе имаат пристап до видеа од практични експерименти од предметите математика,информатика, физика, хемија, биологија и на тој начин ќе имаат можност да видат ,(а подоцна и сами да применат),како функционира во реалниот свет тоа што го изучуват.
Во проектот ќе биде развиена компјутерска програма Chatbot – Четбот , која користи вештачка интелегенција( AI) .Природата на четботот е уште една компонента на пристапност на проектот. Учениците ќе може да разговараат со него во било кое време и на кое било место, било да е тоа на училиште или дома. Четботот ќе овозможи повеќе персонализирано и само-овластено учење , додека учениците ќе може да поставуваат прашања и да избираат на кои предмети да се работи. Учениците кои се чувствуваат несигурни во нивните вештини во математиката и природните науки ќе се чувствуваат посигурно користејќи го четботот за учење, а со тоа ќе се подобрат и нивните дигитални вештини.
Идејата за креирање на оваа партнерство и формирање на ваков проект произлезе од резултатите од последните истражувања на тестирањата на ПИСА, каде 22,9% од 15-годишниците имаат слаби резултати во математиката и 22,3% слаби перформанси во науката.
Овие бројки покажуваат дека нашето сегашно СТЕМ образование е недоволно за да ги опреми учениците со потребните вештини за денешниот свет предводен од науката. Затоа се неопходно потребни алтернативни пристапи за наставата по математика и природните науки.
Студијата покажа дека практичното искуство и примената во реалниот живот, односно поврзувањето на теоријата со практиката се главни двигатели кои влијаат директно во подобрување на резултатите .
Во оваа партнерство се вклучени земји со различни достигнувања во резултатите од ПИСА. Во Естонија резултатите се натпросечни и највисоки меѓу европските земји , во Белгија, Франција и Словенија се над просекот , Португалија е околу просекот, а Македонија далеку под просекот, меѓу последните на листата. Затоа, ова партнерство е составено од земји со разновидна ситуација во однос на STEM вештините, перспективите, знаењето и искуството. Овој плурализам на ситуации и искуства ќе биде од голема вредност за проектот. Од суштинско значење е да се споделуваат инклузивни наставни практики, со цел подобрување на резултатите.
Поради неможноста за остварување состанок со физичко присуство, во Декември беше остварен он-лине состанок за започнување со проектните активности.
Координатор на проектот :
проф. по математика и информатика Елизабета Витанова