Проектот STEMbot: Изработка на прирачник

Во склоп на проектот STEMBOT, во кој активно учество има нашето училиште, се изготви Прирачник за креирање Chatbot за СТЕМ учење. Прирачникот дава одговори на прашањата: -Како да дизајнираме експеримент чекор по чекор? -Како да направиме видео со експеримент? -Како да го креираме нашиот Chatbot со апликацијата Chatfuel? Сите заинтересирани наставници, кои сакаат да воведат еден нов, поинаков пристап кон изучување на предметите од областа на природните науки: Математика, Физика, Хемија како и Информатика и технологија сега имаат можност да ги искористат деталните насоки од прирачникот.

Преку директни линкови до апликацијата Chatfuel и конкретни насоки од видео клипови поставени на You Tube, многу лесно може да го креирате разговорниот Бот. Исто така да креирате интересни видеа со експерименти од материјалот кои го изучуваат учениците.

https://www.stembot.eu/mk/resursi/