Во рамките на настанот за “Прослава на деновите на Зелениот Појас на Беласица“, 24 и 25 септември, организиран од трите погранични места од Македонија, Бугарија и Грција, преку Бугарската Фондација за Биодиверзитет, Директоратот на Природниот Парк на Беласица, Вработените во Националниот Парк Керкини во Грција и Еколошкото Друштво “Планетум “ од Струмица,на 25 септември неколку ученици од трите средни училишта од Струмица ,СОУ “Никола Карев “, СОУ “Јане Сандански “ и СОУУД “Димитар Влахов “ како и ученици од градот Петрич од соседна Бугарија,беа на посета и разгледување на езерото Керкини, Грција. Таму се запознаа со биоразновидноста и географијата на регионот и разменија искуства и планови за натамошна соработка на полето на еколошкото подигање на свеста и зачувување на околината и културното наследство.
Еко – кординатор: проф. Славица Милева – Ефтимова