СОУ „Јане Сандански“ освои второ место на државен натпревар по прва помош

На 23.09.2023г. (сабота) се одржа 29-тиот Државен натпревар на екипи по прва помош во организација на ООЦК Велес. Екипата на нашето училиште се здоби со високото второ место. Учество на натпреварот зедоа вкупно 30 екипи од Општинските организации на Црвен крст од Р.С.М.

Браво за учесниците: Глигор Манчев, Теа Зетова, Ана Стојкова, Катерина Новоселска, Даниела Дунгеска, Александар Чолаков и Мите Илиев за раководителот на екипата Зуле Цонева и нивните ментори Димитар Спасов и Слободанка Чолакова.