Тик-так, тик-так! Часовникот означи почеток на уште едно магично издание на нашиот Струмички карневал!


Во оваа магична ноќ, меѓу илјадниците учесници на Струмичкиот карневал, и оваа година успешно се претстави нашето училиште со групна маска под наслов „Тик-так“.
Идејата на маската беше: Секој нов ден е надеж за подобро утро, правање добри дела и делење безусловна љубов. Токму со таква љубов кон карневалот и градот, долго време рачно се изработуваа маските кои во саботата гордо продефилираа пред публиката.
Еуфорично, во весел ритам како часовник отчукуваа, со надеж за новиот ден, срцата на нашите учесници кои дадоа свој придонес во заштитата на ова наше големо културно наследство – Струмичкиот карневал.

Фото кредит: Столе Ангелов, Глигор Манчев