Викендот неколку тимови од наши ученици учествуваа на манифестацијата „Ноември – месец на науката“ од областа на физика која се одржа во трговскиот центар Сити мол во Скопје, во рамки на 42. Школа на млади физичари. Тие демонстрираа експерименти од различни области на физиката, под менторство на професорите Ленче Ефтимова и Ванчо Белчовски.
Тимовите се натпреваруваа во категории кои беа поделени по учебни години. Тимот од ученичките Билјана Витанова (II-2) и Симона Златанова (II-3) под менторство на професорката Ленче Ефтимова го демонстрираа експериментот „Параболично огледало“ и го освоија првото мество во својата категорија. Експериментот докажува одбивање и насочување на електромагнетни бранови со помош на секојдневни материјали.