Нашиот училишен хор и бендот викендов учествуваа на државни натпревари од каде се вратија со освоени први места. Натпреварите се одржаа во Скопје и беа наменети за основните и средните училишта.
Нашиот хор на натпреварот по хорско пеење освои 94 поени од стручната жири комисија. Тој се претстави со песните „Ave Maria“ од Arcadelt и „Yesterday“ од Beatles во аранжман на Драган Шуплевски. Хорот брои 33 ученици и работи под менторство и диригентство на професорката Анита Станковска.
На натпреварот за оркестри и бендови пак, бендот на нашето училиште се претстави со песните „Mad about you“ од Hooverphonic и „О Јано, Јано“. Тие од жирито добија 98 поени за својата инструментална изведба. Нашиот училишен бенд работи под менторство на професорот Денис Кирчанов, а настапи во состав на нашите ученици Васил Бунгурџиев, Даниел Наков и Филип Костов.