Конкурс за ученици

    Во рамките на проектот Еразмус + „HiClass – Хибриден и иновативен дигитален курс“ како и „Multiculturality, Diversity, Integration – Мултикултура, различност, интеграција”, нашето училиште, во партнерство со други европски училишта од Италија, Португалија, Романија, Турција, Естонија, Германија, има намера да воспостави рангирање на ученици  кои би учествувале во мобилностите предвидени со тековните и наредни можни проекти. Ваквите искуства во странство ќе им овозможат на избраните ученици да соработуваат со други ученици од партнерските училишта и да се обучуваат за наведените теми, кое понатаму може да го искористат за своја цел. Знаењата и вештините што ги стекнале потоа ќе бидат пренесени  во нашето училиште со активности и настани на Еразмус + десеминација. Трошоците за патување и сместување  ќе бидат на товар на проектот.

Проектот е наменет за учениците кои  во тековната учебна година ќе ги исполнуваат следните услови:

● имале просек  еднаков или поголем од 4,5 во учебната 2020/2021 година;

● средно (или повисоко) ниво на јазична компетентност по англиски јазик (еднакво со оценка 4 или повеќе во учебната 2020/2021 година)

● подготвеност за патување и/или учество во активности за дисеминација

● предност ќе имаат ученици кои се вакцинирани , поради практични причини.

Заинтересираните ученици треба да поднесат апликација со пополнување на формулар на Google на линкот  наведена подолу ЗАКЛУЧНО ДО   24:00 часот на 18 Јануари 2022 година на следниот линк:  https://forms.gle/xFhwB6HTAXwvipcZ6

Кандидатите ќе бидат повикани на мотивациско интервју во деновите кои следуваат после конкурсот . Ќе се оценуваат следните критериуми:

1)ПОВЕДЕНИЕ И ИЗОСТАНОЦИ:  макс.5 поени                                                             

2) АНГЛИСКИ ЈАЗИК:                       макс 5 поени

3) АКТИВНОСТИ поврзани со проектите:

    а) со учество на натпреварот за логото на проектот HIClass: 1 поен.

    б) учество во изработка на новогодишна честитка: 1 поен

    в) факултативно испраќање видео во дигитален формат на неколку минути, во кое ќе се претставите и ќе ги објасните вашите причини за учество: 1 до 5 поени.

Во случај да одлучите да направите  видео, тоа ќе морада бидат испратени посебно, без оглед на испраќањето на формуларот на Google, до 18 јануари на следниот мејл: proekti_inform@yahoo.com. Во случај кога големината на видеото ги надминува дозволените граници , видеото ќе го ставите на Google платформата, и ќе ни пратите линк ..

   г) подготвеност да бидете домаќин на еден или повеќе ученици од странство  за најмногу 5 дена: 2 бода

   д) учество во останати Еразмус активности спроведени од училиштето:3 поени

4) МОТИВАЦИОНО ИНТЕРВЈУ, максимално 10 поени

5) УЧЕСТВО во воннаставни и волонтерски активности: 3 поени

На првата мобилност за ученици ќе учествуваат пет ученици, кои ќе бидат навремено контактирани и информирани (Доколку не настане нова ситуација и инструкции од Министерството, поврзани со пандемијата). Сите ученици кои ќе бидат селектирани, ќе бидат дел од Еразмус тимот на училиштето и ќе бидат ангажирани за потребите на проектите.

За какво било појаснување за конкурсот, заинтересираните ученици можат да се обратат до координаторот Софија Тошева.

ДИРЕКТОР НА УЧИЛИШТЕТО

Невенка Стојанова