Во малата сала во Дом на АРМ денес се одржа трибина на тема „Запознај ги твоите права“’.Трибината беше во организација на Младински совет и Младински образовен форум по повод Меѓународниот ден на човековите права, еден од најзначајните денови.
Вечерва, по барање на организаторите, во улога на предавач беше професорката по социологија и граѓанско образование Борка Дончева.
Можност за дебата имаа и присутните преку „отворен микрофон“ – во духот на слободата.
Младинскиот совет како невладина организација има свое многубројно членство во нашето училиште и соработката за одбележување на светски денови и други општествени проекти ќе продолжи и понатаму, со професорите и учениците.