Денес во големата сала на Домот на АРМ беше презентирана студијата на случај изработена за проектот Меѓуетничка интеграција во образованието. Економистите кои работеа на истражувањето, студијата и филмот го претставија својот комплетен материјал пред претставниците од USAID и Моја кариера, гостите од општината и нашето училиште.
Овде беа и претставници од бизнис-компаниите АД „Единство“ и ЈКП „Комуналец“ од Струмица коишто беа директно анализирани во текот на овој проект.
На крај, за успешно завршениот проект, директорката ги додели сертификатите на сите ученици и ментори.