Подрачја на изучување во учебната 2017-2018 година

Училиштето воспитно-образовната работа ја остварува преку програмите за:

  1. Гимназиско образование и
  2. Економско-правна и трговска струка.

 

При уписот во I година гимназиско образование, учениците имаат можност за избор на 1 од понудените подрачја(комбинации) и алтернативен избор на подрачје или комбинација доколку е пополнето првично одбраното подрачје, комбинација. Овде можете да го погледнете решението за наставните планови за гимназиско образование донесено на ден 07.03.2017 година од страна на Министерството за образование и наука. Овде, пак, можете да ги погледнете наставните планови за економски и банкарски техничар.

Во гимназиското образование се застапени следниве подрачја:

  • Општествено – хуманистичко (А и Б комбинација);
  • Природно – математичко (А и Б комбинација) и
  • Јазично – уметничко подрачје(А и Б комбинација).

Во економско-правната и трговска струка се застапени следниве подрачја:

  • Економски техничар и
  • Банкарски техничар.

 

Сите горенаведени образовни подрачја се со времетраење од по четири години. По завршување на завршната година, учениците од четврта година, и од гимназиско образование и од економската струка се здобиваат со право за продолжување на своето образование. Факултети на кои учениците ќе може да продолжат по завршување на гимназиско образование се: Медицински, Фармацевтски, Стоматолошки, факултет за ветеринарна медицина, Архитектонски, Градежен, факултет за електроника и ИТ технологии, факултет за информатички науки, Машински, Технолошко-металуршки, Природно-математички, Економски, Правен, Филозофски, Филолошки, Педагошки, факултет за физичко образование, факултет за земјоделски науки, Шумарски, факултет за дизајн, факултет за ликовно уметности, Драмски, факултет за музичка уметност.

Факултети на кои учениците ќе може да продолжат по завршување на економска струка се: Архитектонски, Градежен, факултет за електроника и ИТ технологии, факултет за информатички науки, Машински, Технолошко-металуршки, Природно-математички, Економски, Правен, Филозофски, Филолошки, Педагошки, факултет за физичко образование, факултет за земјоделски науки, Шумарски, факултет за дизајн, факултет за ликовно уметности, Драмски, факултет за музичка уметност.