Трета награда на државниот натпревар по Физика

На ден 06.05.2017 во просториите на ПМФ (природно математички факултет) во Скопје се одржа 60-тиот државен натпревар по физика за учениците од средно образование. Ученичката Лефтерија Трајкова од четврта година под менторство на професорката Ленче Ефтимова освои трета награда и се здоби со право на учество на македонската олимпијада по физика. Честитки до ученичката и нејзиниот ментор!

Државен натпревар - Физика 2017