Трето место на конкурсот за млади репортери

На конкурсот од програмата „Млади репортери за животна средина” кој беше одржан и оваа година, учествуваше и нашето училиште. На конкурсот учениците имаа цел да напишат новинарска статија со најмногу три оригинални фотографии кои имаат еколошка содржина. Нашите двајца ученика Надица Трајкова и Митко Ников под менторство на проф. Славица Милева Ефтимова, на натпреварот го освоија третото место со новинарска статија за климатските промени.

„Се трудевме најдобро што можевме и на крајот трудот се исплати. Ова е само почетокот на успеси што ќе не следат понатаму, нормално постигнати со меѓусебна соработка, многу труд и огромна љубов кон тоа што го правиме” – Надица и Митко

Им честитаме на учениците и им посакуваме среќа и голем број постигнувања во понатамошната едукација.