Вчера, 6 септември, од страна на здружението „Струмица на точак“ по 22-ри пат во Струмица се организираше настанот „Критична маса“ со цел зголемување на свеста на граѓаните на градот Струмица за присуството на велосипедисти во сообраќајот.
Ваквите настани се популарни и во други градови во Република Македонија и во светот. Критична маса е интернационален велосипедски настан за подигање на свеста на граѓаните за проблемите со кои се среќават управувачите на велосипед. Првиот ваков настан се одржал во 1992 година во Сан Франциско, САД.
Настанот „Критична маса“ се одржува 2 години во Струмица. Секое дефиле има посебна и уникатна порака до институциите и граѓаните. Една од главните цели на „Струмица на точак“ е добивање на повеќе велосипедски патеки во градот и добивање меѓусебна почит помеѓу останатите управувачи на возила и велосипедите во сообраќајот.