Како и секоја година, така и оваа, стотина ученици од нашето училиште заедно со своите професори ја подготвија маската „Волшебна шума“ и продефилираа низ улиците на Струмица, воодушевувајќи ги редиците од луѓе по главниот булевар и плоштадот.
Самовили, еднорози и разни други животни кои можете да ги најдете само во волшебна шума, вчера вечер поминаа низ главната карневалска поворка, претставувајќи ја овогодинешната маска на нашето училиште.
Во маската учествуваа околу стотина ученици заедно со своите професори, правејќи ја втора по број на учесници.
„Многу труд се вложува во изработка на маската. Да се подготват околу сто маски не е едноставна работа. Понекогаш се бара работа и до доцна во ноќта и затоа наградите ни се посебно драги кога се од карневалот“ – рече професорката Билјана Костадинова.
Целиот албум од учеството на нашето училиште на овогодинешниот карневал можете да го погледнете овде.