Спортските активности во нашето училиште се на повидок овој период. По веста дека на државно првенство е квалификуван училишниот кошаркарски тим, дознаваме дека во првенството, меѓу најдобрите тимови во низа спортови се пласираа и ракометниот тим на училиштето како и женскиот одбојкарски тим.
Освен училишниот кошаркарски тим, на државно првенство се пласираа и одбојкарките и ракометарите. Трите тимови ќе учествуват на Државните првенства во кошарка, одбојка и ракомет кои ќе се одржат од 10 до 12 мај во Тетово.
Нашиот одбојкарски тим вчера играше регионален натпревар на кој го совлада Средното општинско училиште „Кочо Рацин“ од Велес со 2:0. Ракометарите пак регионален натпревар играа денес против тимот на СОУ „Перо Наков“ од Куманово и истиот го совладаа со 20:12.
За резултатите на ракометниот тим придонесоа учениците Васил Гогов, Филип Кавазов, Борче Коцев, Божидар Димитриев, Дарко Катранџиев, Филип Попов, Христијан Ефтимов, Миле Котевски, Александар Велков, Мите Каркалашев, Стојан Питев и Игор Георгиев, сите под менторство на професорот Наско Панов.
Под менторство на професорот Гоце Кончалиев, во составот на одбојкарскиот тим пак играат ученичките Ана Фасулева, Софија Ричлиева, Даниела Владевска, Деспина Георгиева, Сара Делчева, Величе Каралијска, Елена Николова, Симона Митрева, Анастасија Костадинова, Анастасија Панеска и Благица Стојанова.