Кошаркарскиот тим оди на државно првенство во Тетово

Откако изиграа општинско, зонско и регионално натпреварување и се пласираа меѓу најдобрите, учениците од кошаркарскиот тим на училиштето успешно се квалификуваа за учество и на Државното првенство во кошарка за средни училишта кое ќе се одржи во Тетово.

Кошаркарскиот тим на СОУ „Јане Сандански“ во состав на 14 ученици по освоените први места на општински, зонски и регионални натпревари, од 10 до 12 мај ќе игра во Државното првенство кое ќе се одржува во Тетово каде ќе има можност да се пресмета со останатите најдобри тимови од целата држава.

Во составот на нашиот кошаркарски тим се учениците Филип Бладов и Дамјан Дончев од IV година, Драган Абрашев, Костадин Дончев, Илија Фончев, Стефан Христов, Томе Јефтимов и Јован Ристов од III година и Мирче Рабровалиев, Илчо Илков, Миле Ѓоргиев, Максим Коцевски, Ристе Бунгурџиев и Илија Пелтековски од I година, сите под менторство на професорот Атанас Цикарски.