Кошаркарскиот тим на училиштето освои 1-во место на Општински натпревар

Вчера, по повод патронот на градот Струмица, Светите Петнаесет тивериополски свештеномаченици, во спортската сала на СОУ „Никола Карев“ – Струмица се одржа Општински натпревар во кошарка за средните училишта. На натпреварот учествуваше и Кошаркарската екипа на СОУ „Јане Сандански“ – Струмица која го осови првото место на натпреварот откако ги победи тимовите на СОУ „Никола Карев“ со разлика од 42 поени и СОУ „Димитар Влахов“ со разлика од 28 поени.

Во тимот на СОУ „Јане Сандански“ играа: Максим Коцевски (I-1), Коки Дончев (III-7), Илија Фончев (III-1), Стефан Христов (III-1), Давид Дончевски (IV-4), Мики Рабровалиев (I-6), Ристе Бунгурџиев (I-1), Звонко Витанов (III-3), Томе Митев (IV-11), Јанаки Јанакиевски (IV-2), Томе Јефтимов (III-9), Давид Методиев (III-11), Јован Ристов (III-11) и Пелтековски Илија (I-2), под менторство на професорот Атанас Цикарски.

968 Вкупно 2 Денес