Минатата среда во Националната галерија во Скопје беше отворена изложбата „11-ти Младински ликовен салон“ на која во групна изложба учествуваше и нашата ученичка Камелија Каламерникова под менторство на професорката Љупка Галазка Василев.
Изложбата се наоѓа во објектот Мала станица на Националната галерија на Македонија и истата ќе биде отворена за јавноста до 1 јуни. Изложени се дела на млади автори кои твореа инспирирани од делата во колекција на Националната галерија.
Самата изложба се реализира како дел од едукативниот сегмент на Националната галерија, а истата е тематски врзана со богатата збирка на културно наследство на галеријата изложена во постојана поставка во објектот Даут Пашин Амам.