Планинарите во Република Македонија започнаа со иницијатива за зачувување на убавините на нашите планини, а како дел од истата вработените и учениците во нашето училиште добија сувенир значки. Средствата за сувенир значките беа обезбедени од група донатори, поранешни ученици во нашето училиште.
„Целта на оваа иницијатива е подигање на свеста за безбедноста на планинарите и љубителите на планината, со што планините во Република Македонија ќе ги направиме побезбедни места за спокојно уживање во нивните убавини“ – рече еден од донаторите.
Собраните средства од иницијативата ќе се искористат за купување на бивак контејнери кои потоа ќе бидат поставени на соодветни локации на планините. Покрај тоа, дел од средствата се наменети и за обновување на напуштени и опожарени планинарски домови.
Инаку ваквите значки може да ги купи секој планинар, граѓанин, општествено одговорни граѓани или градоначалници кои ја поддржуваат оваа иницијатива, а цената на една значка е 120 денари.