Успесите од учебната година претставени на националната телевизија

Околу педесетина наши ученици имаа можност да ги претстават своите искуства и успеси од нивните области на интерес во емисијата „Голем одмор“ која се емитува на првиот канал на Македонската радиотелевизија. Емисијата беше посветена токму на успесите на учениците и професорите од нашето училиште.

Младите хемичари, биолози, музичари, математичари, јазичари, економисти и спортисти ги претставија успесите за кои работеа изминатава учебна година, меѓу кои се и пласирањето на државната олимпијада по хемија, учеството на „Месец на науката 2017“, МАССУМ, државните натпревари по одбојка, ракомет и кошарка, учеството на нашите ученици на меѓународниот „Математика без граници“ и на три наши ученички на Светскиот ученички куп на Јејл универзитетот во Њујорк, САД и организирањето на локална рунда на ученичкиот куп во Струмица, како и уште многу други натпревари и активности.

Самата емисија започна со изведба на училишната химна „Биди гимназијалец, биди економист“, а заврши со неколку македонски евергрини, сите во изведба на училишниот хор кој во мај го освои првото место на државен натпревар. Емисијата беше збогатена и со „A Natural Woman“ од Арета Френклин во изведба на нашата ученичка Ангела Илиева, како и „Son of a Preacher Man“ од Дасти Спрингфилд во извбеда на ученичката Слободанка Караманова со придружен вокал од Ангела.

Инаку во месец март годинава нашите хемичари исто така се претставија во емисијата „Голем одмор“. Десетина ученици, добитници на награди и признанија на натпреварот „Ноември – месец на науката“  заедно со својата професорка Снежана Илиевска-Поповска ги изведоа експериментите со кои учествуваа на натпреварот пред гледачите на националната телевизија.

ЦЕЛОСНА ЕМИСИЈА