Нашите хемичари претставија експерименти во емисијата „Голем одмор“

По долгогодишната соработка што нашето училиште ја има со здружението „Народна техника“, одбележувањето на 70 години постоење на „Народна техника“ се одржа во нашето училиште. Овде самото здружение покажа заинтересираност за промовирање на млади хемичари при што беа избрани нашите ученички Тијана Стојкова и Клементина Бусева да учествуваат во емисијата „Голем одмор“ на Македонската радиотелевизија.

Постигнувањата на Тијана Стојкова и Клементина Бусева, како и на десетина други наши ученици на натпреварот „Ноември – месец на науката 2017“ беа забележани од страна на доцентот д-р Марина Стојановска од ПМФ која веднаш ги поканила да учествуваат во уште една емисија на „Голем одмор“.

Токму денес, десетината наши ученици, добитници на награди и признанија на натпреварот „Ноември – месец на науката 2017“ под менторство на професорката Снежана Илиевска Поповска, ги презентираа своите експерименти во живо пред гледачите на националната телевизија. Нашите ученици се претставија со „Огнен ерленмаер“, „Крваво железо“, „Синиот облак“, „Хемиски топ“ и „Светулки во колба“ – експерименти со кои учествуваа на претходно споменатиот натпревар.

ФОТОГАЛЕРИЈА  (Митко Ников)

1116 Вкупно 2 Денес