Неколку наши ученици учествуваа на шестата по ред Олимпијада по експериментална физика која се одржа во саботата во Софија, Бугарија. Нашите ученици се натпреваруваа во L и M категорија каде ги освоија првите три места.
Во категорија L за III и IV година ученикот Митко Ников од III-1 го освои првото место, а во истата категорија Иван Решков од III-4 го освои третото место. Во категорија M за I и II година ученичката Тамара Томова од I-7 се пласираше на второ место, а Димитар Трајков од I-4, Билјана Витанова од II-2 и Симона Златанова од II-3 го добија третото место.
На олимпијадата учениците работеа на експериментална задача за електрични и магнетни појави. Многу мал број од учесниците имаат стигнато до крајот на експериментот, а најточниот резултат го има нашиот ученик Митко Ников.
Учениците кои учествуваа се членови на секцијата по физика при Клубот на млади научници „Никола Тесла“ во нашето училиште и работеа под менторство на професорот Ванчо Белчовски, во соработка и со професорите Ленче Ефтимова и Бобан Цветковиќ.
Олимпијадата се одржа на 8 декември – Денот на просветителите Св. Кирил и Методиј на истоимениот универзитет во Софија. Таа е организирана од Софискиот огранок на Друштвото на физичари во Бугарија, Физичкиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Софија како и Струмичкиот огранок на Друштвото на физичари на Македонија.