Заврши МАССУМ, нашите ученици со десетина награди

Нашите ученици се вратија со десетина награди од традиционалната манифестација за средношколци „Образовно рандеву – МАССУМ 2019“ која викендов, на 12 и 13 април, се одржа во ОСУ „Мирко Малески“ во Кичево. На истата учествуваа над 2000 ученици од 60-тина средни стручни училишта од цела Македонија.

Економистите годинава настапија со штанд „Juice House“, кој ја доби наградата „Најдобар штанд“, а беше изработен од ученичките Ружица Ефтимова, Мери Мастева, Божана Манева, Невена Танчева и Цвета Велкова, под менторство на професорките Јованка Михаиловиќ, Катерина Милушева, Гордана Вукашиновиќ и Македонка Манушева. Освен тоа, учениците Анета Манева, Теодора Дузлеска, Никола Танушев и Ана Николова имаа најдобар маркетинг план, изработен под менторство на професорките Стаменка Џорлева и Македонка Манушева.

Нашите економисти се натпреваруваа во повеќе категории, како за најдобар штанд, маркетинг план / Фотографија од штандот на нашето училиште „Juice House“ (М. Ников/Училишна новинарска секција)

Краткометражниот филм со кој нашето училиште го освои второто место во категоријата „Најдобар филм“ е насловен „Вистински вредности“ и е дело на ученикот Коки Ќосев, кој е режисер на филмот, а се погрижи и за снимањето и монтажата на истиот. Тој работеше под менторство на професорката Билјана Костадинова. Онаа порака која ја праќа филмот на Ќосев е: „Не е важно дали ќе станеш успешен човек, важно е да станеш човек со вистински вредности“. Освен тоа, нашето училиште го освои второто место и во категоријата „Најдобра фотографија“ со фотографија на ученикот Митко Ников, фотографирана за време на самата манифестација, а под менторство на професорката Славица Милева-Ефтимова.

На манифестацијата исто така се претстави и драмското студио на училиштето кое ја освои втората награда во категоријата „Најдобра драма“. Нашата ученичка Викторија Баџукова, работејќи под менторство на професорката Јулија Ковачевска, ја изведе монодрамата „Пиреј“ на Петре М. Андреевски.

Во категоријата „Кариерно портфолио“ награда доби нашата ученичка Вера Солевска, која работеше со нејзините ментори Катерина Милушева и Гордана Вукашиновиќ, а во категоријата „Интервју за работа на англиски јазик“ второто место го освои ученичката Теодора Дузлеска, чиј ментор беше професорката Зорица Витанова.


Атмосферата за време на манифестацијата ја освежи и нашиот училишен бенд, чиј ментор беше професорот Денис Кирчанов, а го освоија третото место во својата категорија / Фотографија од настапот на училишниот бенд (М. Ников/Училишна новинарска секција)

Овогодинашниот плакат за „Образовно рандеву – МАССУМ 2019“ беше изработен од нашиот ученик Мартин Спасовски, чиј ментор беше професорката Софија Тошева, така што Спасовски беше првонаграден во категоријата „Најдобар постер“. Тој минатата година со својот постер го освои второто место, исто како и во 2017 година, кога првото место му пребегна за само два поени.

На манифестацијата учествуваа и нашите спортисти, така што во категоријата „Street Basket“ второто место го зеде тимот на нашето училиште во чиј состав играа учениците Билјана Витанова, Елена Панеска, Ристе Бунгурџиев и Миле Ѓоргиев, под водство на професорот Гоце Кончалиев. Атмосферата за време на манифестацијата ја освежи и нашиот училишен бенд во кој, со нивниот ментор, професорот Денис Кирчанов, настапија учениците Филип Костов, Стојан Дончев, Васил Бунгурџиев, Даниел Наков, Џоко Ѓоргиев и Џејд Бинева, освојувајќи го третото место во својата категорија.

На манифестацијата настапија и се натпреваруваа и нашите спортисти, и тоа во повеќе категории / Фотографија од играњето серва на нашите ученици (М. Ников/Училишна новинарска секција)

ФОТОГАЛЕРИЈА