Пред пет години се воспостави соработка помеѓу училиштата СОУ „Јане Сандански“-Струмица и Средното Училиште Обровац од Хрватска.
Соработката се одвиваше на повеќе области од образованието, првенствено во областа на екологијата, потоа запознавање со наставата и размена на научни искуства и методи, запознавање со историите и традициите на двете земји. Соработката резултираше со четири средби.
Во периодот 24-26 мај 2019 година, нашето училиште беше покането и присуствуваше на меѓународниот настан ЕВЕС( Еколошки викенд на екстремни спортови) со 32 ученика и 9 професори.(Славица Милева-Ефтимова, Софија Тошева, Маријана Христова, Драгица Стамболиска, Данче Палазова, Борка Дончева, Цикарски Атанас , Панов Наско и Кончалиев Гоце).
Учениците и професорите беа топло пречекани од ученици и професори од хрватското училиште, со вкусна домашно приготвена храна, карактеристична за нивното поднебје.
Веднаш се започна со активностите распоредени во два дена. Првиот ден, за професори и ученици од нашето училиште и од повеќе училишта од Хрватска беше организиран рафтинг по реката Зрмања. Поголем дел од учениците за првпат учествуваа во тој спорт, кој бара дисциплина, одговорност и тимска работа и координација со учесници од различни училишта. Возбудата, адреналинот и енергијата беа на највисоко ниво.
Вториот ден, 15 ученици од нашето училиште со професорот Атанас Цикарски, учествуваа на пешачењето по националниот парк Пакленица, каде што го посетија и подземниот град со музеј.
Во исто време, 5 наши ученички под раководство на искусни нуркачи, учествуваа во еколошката акција на чистење на реката Зрмања.
Останатите професори и ученици имаа организирано пловидба по реката Зрмања до местото каде се влева во Јадранското Море.
Топол приготвен ручек од професорите не чекаше во училишниот двор. Дружењето продолжи со кошаркарски натпревар помеѓу професори од Македонија и Хрватска, а заврши со познатиот поздрав на Сонцето во Задар и уникатната музика од оргулите на брегот во кои удираат бранови од Јадранското Море.
Впечатоците и искуствата од овие средби беа прекрасни, почнувајќи од гостопримливоста на домаќините, позитивната соработката и пријателство и после пет години, согледување на одржувањето на чиста околина, запознавање и учество во нови спортови, како рафтинг и нуркање на длабочина и до 5м, запознавање со стара архитектура на градот Задар, безбројните убавини што можат да се видат во една далматинска култура на високо ниво…
Текстот го подготви Славица Милева-Ефтимова