Оваа седмица се одржа натпреварот Дабар 2019 на кој се приклучи и нашето училиште.
Дабар е интернационален предизвик (еден вид натпревар), наменет за ученици од основните и средните училишта (почнувајќи со 1во одделение), кој има за цел да ја промовира информатиката и сродните науки. Истиот се организира во повеќе држави, и е еден од најпопуларните натпревари во светот. Во продолжение се дадени неколку информации поврзани со натпреварот, правилата, начинот на регистрација и учество, како и државите кои земаат учество во овој натпревар.
Инаку, како идеја, Дабар има добиено повеќе награди на европски и светски конференции. Последната од нив е добиена на Европскиот самит за компјутерски науки, каде Дабар ја доби наградата “Informatics Europe Best Practices in Education”. Со цел да ја промовираме оваа активност и во Република Македонија, се надеваме на поддршка од сите основни и средни училишта во Македонија. На тој начин, заедно можеме да ги промовираме компјутерските науки кај учениците, со што ќе придонесеме за нивниот развој како и развојот на нашата држава.