Конкурс за дизајн и креирање лого за проектот од програмата Еразмус + „Хибридна, иновативна и дигитално подготвена училница“
Член 1. ЦЕЛ НА КОНКУРСОТ
Целта на конкурсот е креирање лого кое ќе го идентификува проектот од програмата Еразмус + „Хибридна, иновативна и дигитално подготвена училница“ Бр. 2020-1-IT02-KA226-SCH-095699, одобрена и финансирана од страна на италијанската “Agenzia Nazionale Erasmus+ Indire”.
Целта на проектот е поддршка на наставниците во
развивањето на нивните дигитални компетенции кои ги применуваат во наставниот процес, како и развивање на потребните компетенции кај учениците за ефикасно користење на дигиталните алатки и интернетот на нивните часови и истражувања.
Партнери во проектот се:
I.I.S. ‘Alessandro Volta’ – Лидер партнер, Пескара, Италија
Theoretical High School ‘Grigore Moisil’ – Темишвар, Романија
Agrupamento de Escolas de Pinheiro – Пенафиел, Португалија
СОУ „Јане Сандански“- Струмица, Република Северна Македонија
MEUS – Валенсија, Шпанија
Danmar – Режов, Полска
Комисијата за избор, од сите логоа кои ќе пристигнат, има задача да го избере логото кое според нив е најсоодветно да ги претстави темата и насловот на проектот и да го прогласи за победничко лого на конкурсот. Логото понатаму ќе биде официјално превземено од страна на ’I.I.S. Volta’, Координатор партнер, и ќе биде поставено на сите хартиени и електронски документи, како и на сите активности од проектот.
Логото станува сопственост на сите партнери и не може да се употребува за други натпревари, огласи и слични активности.
Член 2. КОЈ МОЖЕ ДА СЕ ПРИЈАВИ?
Овој конкурс е наменет за учениците на партнер училиштата. Секое училиште ќе го објави конкурсот за своите ученици. Секој ученик може да работи само индивидуално. Учесниците треба да го испратат логото во рокот и според стандардите опишани во член 4 од овој правилник. Тие исто така треба да се придржуваат кон барањата од член 3 на истиот правилник.
Член 3. ГРАФИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ЛОГОТО
Темата на логото мора да ги земе предвид сладните елементи:
- Промоција на дигиталната дидактика
- Учење преку хибридна дидактика
- Вклученоста на ученици од европските партнер држави
Логото мора:
– да биде изработено во боја;
– да биде изработено со компјутерски графички софтвер, или алтернативно, целосно на рака (мешани решенија, компјутерски и рачно, не се дозволени).
– да биде скенирано и фотографирано во случај ако се изработува рачно.
– да биде направено во дигитален формат PNG (по можност) или JPEG или GIF
– да има минимална резолуција од 300 dpi
– да биде вметнато во квадрат со димензии 15 cm x 15 cm
– да не е претходно објавувано и да не содржи елементи кои се во спротивност со нормите за морал, етика и приватност
– да ги почитува авторските права и правата на сопственост.
Член 4 Краен рок и поднесување на документите
Логото во дигитален формат, како што е опишано во член 3, треба да се испрати до проектниот тим на е-меил адресата hiclass.erasmus@gmail.com не подоцна од 08.10.2021 година.
Фајловите треба да бидат означени со називот HiClass_име на училиштет_презиме_име.
Во насловот на е-меилот треба (subject) треба да стои Erasmus HiClass – logo contest.
Во е-меилот учесниците треба да наведат:
- Презиме и име на авторот
- Име на училиштето од кое доаѓаат
- Година во која се запишани.
Член 5 КОМИСИЈА ЗА ИЗБОР
Логвоата ќе бидат разгледувани од страна на посебна меѓународна комисија, составена од Претседател и членови од секој партнер. Директорот на училиштето координатор е претседател на Комисијата за избор. Одлуката на комисијата според дадените критериуми, е конечна и неотповиклива. Комисијата го задржува правото да го поништи конкурсот доколку ниеден од пријавените кандидати не ги исполнува условите.
Член 6 ИЗБОР НА ПОБЕДНИЧКОТО ЛОГО И ЦЕРЕМОНИЈА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НАГРАДИ
Од сите пристигнати логоа, во дадената временска рамка и според процедурите во правилникот, ќе се избере победничко лого.
Ако победничкото лого е рачно изработено, Комисијата може да го одлучи да го конвертира со графички софтвер.
На авторот на победничкото лого ќе му биде доделена награда, а на сите учесници сертификат.
Критериум | ПОЕНИ | |
1 | Соодветност со темата | 20 |
2 | Оригиналност | 20 |
3 | Естетска вредност | 20 |
4 | Непосредна комуникација и леснотија на моморирање | 20 |
5 | Изводливост и репродуктивност | 20 |
Максимум резултат | 100 |