Во рамките на проектот Еразмус + „HiClass – Хибриден и иновативен дигитален курс“ како и „Multiculturality, Diversity, Integration – Мултикултура, различност, интеграција”, нашето училиште, во партнерство со други европски училишта од Италија, Португалија, Романија, Турција, Естонија, Германија, има намера да воспостави рангирање на ученици кои би учествувале во мобилностите предвидени со тековните и наредни можни проекти. Ваквите искуства во странство ќе им овозможат на избраните ученици да соработуваат со други ученици од партнерските училишта и да се обучуваат за наведените теми, кое понатаму може да го искористат за своја цел. Знаењата и вештините што ги стекнале потоа ќе бидат пренесени во нашето училиште со активности и настани на Еразмус + десеминација. Трошоците за патување и сместување ќе бидат на товар на проектот.
Проектот е наменет за учениците кои во тековната учебна година ќе ги исполнуваат следните услови:
● имале просек еднаков или поголем од 4,5 во учебната 2020/2021 година;
● средно (или повисоко) ниво на јазична компетентност по англиски јазик (еднакво со оценка 4 или повеќе во учебната 2020/2021 година)
● подготвеност за патување и/или учество во активности за дисеминација
● предност ќе имаат ученици кои се вакцинирани , поради практични причини.
Заинтересираните ученици треба да поднесат апликација со пополнување на формулар на Google на линкот наведена подолу ЗАКЛУЧНО ДО 24:00 часот на 18 Јануари 2022 година на следниот линк: https://forms.gle/xFhwB6HTAXwvipcZ6
Кандидатите ќе бидат повикани на мотивациско интервју во деновите кои следуваат после конкурсот . Ќе се оценуваат следните критериуми:
1)ПОВЕДЕНИЕ И ИЗОСТАНОЦИ: макс.5 поени
2) АНГЛИСКИ ЈАЗИК: макс 5 поени
3) АКТИВНОСТИ поврзани со проектите:
а) со учество на натпреварот за логото на проектот HIClass: 1 поен.
б) учество во изработка на новогодишна честитка: 1 поен
в) факултативно испраќање видео во дигитален формат на неколку минути, во кое ќе се претставите и ќе ги објасните вашите причини за учество: 1 до 5 поени.
Во случај да одлучите да направите видео, тоа ќе морада бидат испратени посебно, без оглед на испраќањето на формуларот на Google, до 18 јануари на следниот мејл: proekti_inform@yahoo.com. Во случај кога големината на видеото ги надминува дозволените граници , видеото ќе го ставите на Google платформата, и ќе ни пратите линк ..
г) подготвеност да бидете домаќин на еден или повеќе ученици од странство за најмногу 5 дена: 2 бода
д) учество во останати Еразмус активности спроведени од училиштето:3 поени
4) МОТИВАЦИОНО ИНТЕРВЈУ, максимално 10 поени
5) УЧЕСТВО во воннаставни и волонтерски активности: 3 поени
На првата мобилност за ученици ќе учествуваат пет ученици, кои ќе бидат навремено контактирани и информирани (Доколку не настане нова ситуација и инструкции од Министерството, поврзани со пандемијата). Сите ученици кои ќе бидат селектирани, ќе бидат дел од Еразмус тимот на училиштето и ќе бидат ангажирани за потребите на проектите.
За какво било појаснување за конкурсот, заинтересираните ученици можат да се обратат до координаторот Софија Тошева.
ДИРЕКТОР НА УЧИЛИШТЕТО
Невенка Стојанова