Од 23 до 29 јуни 2022 година во Адана Турција се одржа последната мобилност од Еразмус проектот “Multiculturality, diversity, integration- equal opportunities for everyone” во кој учество земаа учениците Трајче Горгиев, Дона Јанчева, Васил Лазаров, Магдалена Мучева, Сара Костуранова и Ване Стефанов заедно со професорките Софија Тошева и Виолета Николова. Нашите ученици активно и успешно учествуваа во сите активности на теми „Што значи да бидеш малцинство?“, „Мултикултурата во денешните општества“ и многу други. Покрај тоа тие имаа можност да посетат познати знаменитости во Адана и Кападокија како Самовилините Оџаци, Пештери на Рајот и Пеколот, градот Тарсус, Чукурова и стекнаа доживотни искуства, знаења и пријатели од цела Европа.