ПРВ УЧИЛИШЕН ТУРНИР ВО КОШАРКА СОУ „ЈАНЕ САНДАНСКИ“- СТРУМИЦА

Денес започна првиот училишен турнир во кошарка на СОУ „Јане Сандански“. Иницијативата и целосната организација на овој турнир се на учениците, а училиштето ги поддржа во нивната идеја. Се натпреваруваат 6 екипи- по три од гимназиските и економските паралелки, а тренери се професори од училиштето. На отварањето се обрати директорката со следните зборови: Важноста на овој настан е дотолку поголема што доаѓа во момент кога социјалните мрежи, насилството и недостатокот на емпатија се обидуваат да завладеат со нашите животи. Денес вие решително им кажувате НЕ на таквите негативни појави и правите промоција на вистинските вредности. Убедена сум дека овој турнир ќе го зајакне спортскиот дух и трајните пријателства меѓу вас. Денес нема да има поразени. Сите ние овде сме победници!