Божиќната Евровизија со втор термин од 21:00 часот

Поради големиот интерес и брзото распродавање на капацитетот на салата се закажува нов термин за новогодишно-божиќниот концерт. Вториот термин е закажан за истиот ден од 21:00 часот.

„Музичарите и танчерите – учесници на концертот едногласно се сложија да одржиме втора изведба, истата вечер, со цел да успееме да собереме поголем број финансии за донации. Драго ни е што повторно успеавме да разбудиме толкав интерес меѓу струмичани“, вели професор Анита Станковска.

Влезниците ќе бидат достапни во Младински совет и СОУ „Јане Сандански“ од 31 декември.

На влезот во НУЦК „Антон Панов“ и годинава ќе биде поставена кутија за дополнителни донации. Средствата ќе бидат наменети за финансиска помош при лекување на наши сограѓани.