Еднодневен семинар на тема „Демократијата и Собранието“ за ученици од средните училишта

На ден 22 септември 2017 година, учениците Ѓорги Георгиев, Марија Марковска, Душан Костуранов, Дамјан Дончев и Валентина Пандевска од IV-4 предводени од професорот Зоран Лушин од нашето училиште  учествуваа на еднодневен семинар на тема „Демократијата и Собранието“, во Едукативниот центар на парламентарниот институт.

Учениците имале можност преку организирана обиколка да го разгледаат свечениот дел на Собраните и да ја разгледаат внатрешноста на зградата како значајно одбележје на македонската државност. Потоа, низ видео проекции, работилници и интерактивни презентации ги утврдиле и прошириле своите знаења за демократијата, парламентарната демократија и нејзиниот историски развој во Македонија, за местото и улогата на Собранието, постапката на донесување закони во Собранието, правната положба на пратениците и слично.

На присутните ученици и наставници им биле додадени сертификати за учество на семинарот. Целта на семинарот било приближување на работата на Собранието на Република Македонија до младата популација, што ќе придонесе за развивање на нивната свест за придобивките од демократијата.