Минатата недела се одржа првата мобилност од нашиот нов КА210 Еразмус+ проект “School for School”, во Монополи- Италија, каде се заоружија активностите од првиот дел т.н. „Различни, но исти“, со цел прифаќање на различностите и запознавање на сопствениот потенцијал. Домаќин беше училиштето IC “Vito Intini”, каде учениците беа сместени во италијански семејства и активно инволвирани во наставата со своите домаќини. Освен тоа, учествуваа и на различни активности како работилница за толеранција, таико изведба, уметничка лабораторија, изработка на паста, мултикултурна вечер. Наставниците Софија Тошева и Елизабета Витанова имаа прилика да држат часови на италијанските ученици и да разменат искуства со колегите. Во октомври нашето училиште ќе биде домаќин на втората мобилност, со гости од Полска, Италија и Шпанија