Големиот уметник и хуманист Живко Поповски – Цветин денеска го посети нашето училиште

Во посета на нашето училиште денеска беше големиот македонски ликовен уметник и хуманист кој повеќе од 30 години преку уметноста води мисија за мир во светот. Тој по повод празникот 11 октомври подари триесетина цртежи на нашите ученици и професори. За делото на Живко Поповски зборува опусот од над 50 илјади слики подарени на низа влијателни личности и институции во светот.

Поводот за посетата на Живко Поповски беше нашата ученичка Јана, штитеничка од Заводот за рехабилитација „Бања Банско“. Поповски ја посети нејзината паралелка I-6 каде што на часот на професорот Костадин Каркаљашев се запозна со учениците во паралелката и им раскажа за неговата мисија, а потоа, додека учениците дискутираа за македонската народна поезија за време на наставата на професорката Снежана Пијанманова, на сите им наслика по една минијатура.

Поводот за посетата на Живко Поповски беше нашата ученичка Јана, штитеничка од Заводот за рехабилитација „Бања Банско“.
Поводот за посетата на Живко Поповски беше нашата ученичка Јана, штитеничка од Заводот за рехабилитација „Бања Банско“.

Поврзаноста на Поповски со уметноста датира уште од неговата 12-та година, но интензивно започнува да се занимава со сликарството во 1970-тите. Тој на учениците од I-6 им раскажа за неговите контакти и соработки со врвни домашни и светски личности како Мајка Тереза која била голема мотивација во неговата мисија, Блаже Конески кој песната „Роза“ ја посветил на неговите цртежи и низа други влијателни личности – претседатели на држави, парламентарци, уметници, поети, музичари, спортисти.

Живко Поповски за својата хумана мисија во 2009 година бил кандидиран за Нобеловата награда за мир каде бил во најтесниот избор на 30 кандидати заедно со врвни имиња како Барак Обама, Хелмут Кол, Џорџ Буш, Тони Блер. Освен тоа, Поповски конкурирал и за Гинис откако насликал слика долга 1001 метар, посветена на 1001-та годишнина од ослепувањето на Самуиловите војници.

Поповски ја посети паралелката I-6 каде што на часот на професорот Костадин Каркаљашев се запозна со учениците и им раскажа за неговата мисија, а потоа, додека учениците дискутираа за македонската народна поезија за време на наставата на професорката Снежана Пијанманова, на сите им наслика по една минијатура.
Поповски ја посети паралелката I-6 каде што на часот на професорот Костадин Каркаљашев се запозна со учениците и им раскажа за неговата мисија, а потоа, додека учениците дискутираа за македонската народна поезија за време на наставата на професорката Снежана Пијанманова, на сите им наслика по една минијатура.

Големиот уметник и хуманист ја искористи шансата да го одбележи и утрешниот празник 11 октомври, Ден на македонското народно востание со тоа што во холот на училиштето во присуство на директорката Невенка Стојанова наслика и подари посебен цртеж на училиштето со 11 цветови како симбол за 11 октомври.

ФОТОГАЛЕРИЈА

 

View this post on Instagram

 

Во ненајавена но драга за нас посета денеска беше големиот македонски ликовен уметник и хуманист Живко Поповски – Цветин. Тој беше во паралелката I-6 каде што се дружеше со нашите ученици и зборуваше за неговата 30-годишна мисија Цвеќе на мирот и на сите ученици и професори им подари свое дело 🗺️🌹💐 Тој на нашето училиште подари и посебен цртеж со 11 цвеќиња по повод утрешниот празник. Чест ни е што цвеќињата на мирот од денес ќе бидат дел и од нашето училиште 🙂 Прочитајте повеќе на нашата веб-страница…

A post shared by СОУ „Јане Сандански“ Струмица (@soujanesandanski) on

666 Вкупно 5 Денес