Завршниот настан од нашиот Еразмус +проект Hiclass, донесе гости -наставници од останатите општински основни и средни училишта. Настанот: “Hi Teachers for a Hi-Class”, се одржа на 26 април, каде беа презентирани резултатите од трите интелектуални трудови:
- Профил на Менаџер за дигитални должности, 2. Портал со онлајн наставни методи и алатки, 3. Рамка за учење за наставници преку подучување од нивни колеги. Цели на проектот се:
- Процесот на настава и учење да се направи поефективен во контекст на мешана и хибридна настава;
- Да се подобрат клучните компетенции на учениците со цел развивање на методологија за самостојнио стекнување знаења преку употребата на дигитални алатки како начин да дојдат до изобилството информации достапни на Интернет.
Нашите наставници, кои веќе ги применуваат овие методи, заедно со учениците им демонстрираа часови со хибридна дебата, учење базирано на проекти и изработка на когнитивни мапи.
Благодариме на присуството на колегите и се надаваме дека ќе најдат инспирација за новитети, бидејќи старите наставни методи не одговараат на денешниот профил на учениците. Веб сајт на проектот: https://hi-class.erasmus.site/mk/
Координатор: М-р Софија Тошева