ЈПКД „Комуналец“ со проект-кампања „Селектирај за општо добро“ за средношколците

По иницијатива на ЈПКД „Комуналец“ од Струмица, нашето училиште се вклучи во проект-кампањата „Селектирај за општо добро“ чија мисија е да ги запознае учениците со придобивките и целиот процес на селектирање на материјалите кои повеќе не ни требаат и нивно повторно претварање во суровини за нови производи.

Во рамките на проектот претпријатитето постави хартиени селектори-кутии за хартија и пластика на трите спрата како и во холот на училиштето, а веќе започна и кампањата на социјалните мрежи на претпријатието каде што објавите од кампањата на Фејсбук може да се проследат и преку #селектирајзаопштодобро.

Самата кампања треба да трае до 8 јуни, а е сочинета од воведен дел – поставувањето на хартиените селектори и информативно-едукативен дел – објавите на социјалните мрежи. „Ние сме единствените живи суштества кои креираат отпад, во природата ништо не претставува отпад, секој материјал има своја функција“ – стои во дел од објавата на официјалното мрежно место на претпријатието.