Трета година по ред учениците од СОУ “Јане Сандански“ се најдобри во регионот. Оваа година заслужни за тоа се Надица Стојчева и Сара Панова од III-5 клас, под менторство на Снежана Илиевска-Поповска. Имено, тие со својата тема “Јаглеродни наноцевки“ се претставија на натпреварот “Наноматеријали-материјали на иднината“ во организација на Технолошко-металуршки факултет од Скопје и се пласираа на Државен, освојувајќи го првото место. Со тоа ја продолжија традицијата – ПРВИ ВО РЕГИОНОТ!
Најдобри во регионот на “НАНОМАТЕРИЈАЛИ“
