Кошаркарите први во зонската лига

Со две победи, училишниот кошаркарски клуб под менторство на професорот Атанас Цикарски е прв на табелата од првиот турнир кој се одигра вчера во Штип во рамките на Зонската лига во кошарка за машки за средните училишта од зоната Струмица.

Тие го совладаа тимот на СОУ „Коста Сусинов“ од Радовиш со 27-76, а потоа издвоија победа со 48-42 против СОУ „Јане Сандански“ од Штип, издвојувајќи 4 бодови за прво место.

Резултати:
– СОУ „Коста Сусинов“ – Радовиш 27 – 76 СОУ „Јане Сандански“ – Струмица
– СОУ „Јане Сандански“ – Штип 49 – 28 СОУ „Коста Сусинов“ – Радовиш
– СОУ „Јане Сандански“ – Струмица 48 – 42 СОУ „Јане Сандански“ – Штип

Табела:
1. СОУ „Јане Сандански“ – Струмица – 4 бода
2. СОУ „Јане Сандански“ – Штип – 2 бода
3. СОУ „Коста Сусинов“ – Радовиш – 0 бода