Денес во дворот на училиштето, гости ни беа претставници на Центарот за истражување и анализи НОВУС и на Амбасадата на Велика Британија во република Северна Македонија. Училиштето го посетија Заменик амбасадорот на Велика Британија Доминик Отвеј и Раководителот на Одделот за проекти Ричард Малион, како поддршка на проектот спонзориран од страна на Британската Амбасада и здружението НОВУС, во кој младите од Струмица насликаа мурал во знак на благодарност за сите здравствени работници кои се на првата линија во борбата против КОВИД19. Акцијата се спроведе под мотото „Носи маска, спаси живот!“.