ЕКОНОМИЈАДА – САРАЕВО 2023

По пауза од три години, во Сараево се одржа дванаесеттата по ред Економијада- средба на економски училишта од бившите југословенски републики. Нашата делегација ја сочинуваа директорката на училиштето, проф. Гордана Василева Вукашиновиќ и ученичките од економската струка Ивана Николиќ и Антигона Џорлева. Учениците посетуваа работилници на тема врсничко насилство, професорите разговараа за потребата од дуалното образование, а директорите за усогласување на наставните планови и програми по економските предмети во сите земји во регионот.