Женскиот ракометен тим со прво место во зонската лига

На денешниот втор турнир од зонската лига во ракомет за девојчиња за средните училишта нашиот училишен ракометен тим се пласираше на првото место. Тие ја совладаа екипата на СОУ „Коле Нехтенин“ – Штип со 10:4 и СОУ „Димитар Влахов“ – Струмица со 8:6.

Резултати од турнирот:

СОУ „Јане Сандански“ – Струмица 10:4 СОУ „Коле Нехтенин“ – Штип
СОУ „Димитар Влахов“ – Струмица 10:4 СОУ „Коле Нехтенин“ – Штип
СОУ „Јане Сандански“ – Струмица 8:6 СОУ „Димитар Влахов“ – Струмица

Составот на нашиот училишен тим: Марија Христова, Марија Комарова, Гонце Малинова, Мартина Стоименовска, Марија Кондева, Полина Гучева, Доки Кирова, Софија Грковска, Стојна Димовска, Ана Вукашиновиќ, Добрица Милчевска, Кристина Поцкова, под менторство на професорот Наско Панов.