Ученици од прва година по своја иницијатива во петокот беа во посета на невладината хуманитарна организација „Мајка Тереза“ во Гевгелија каде донираа храна за децата со посебни потреби во центарот. Иницијативата на класот за посета на центарот е во чест на нивната соученичка Гордана Стојанова која животот прерано го загуби во сообраќајна несреќа и беше волонтер и активна во помагањето на децата.
Посетата се реализираше по иницијатива на самите ученици од класот I-2. Тие донираа овошје кое го купија со парични средства собрани самоиницијативно, заедно со нивниот класен раководител Петруш Џорлев. Во иницијативата помогна и фирмата Деј-Фит која донираше јаболка, а превозот до Гевгелија беше обезбеден од училиштето.
Центарот „Мајка Тереза“ e повеќе функционален центар кој работи со повеќе од 30 деца со посебни потреби од регионот. Истиот работи во рамките на проектот HUBility, кој е финансиран од католичките добротворни организации Реновабис од Германија и Каритас од Италија, а ко-финансиран од Здружението на родители Национална Алијанса за лица со посебни потреби Гевгелија.